November 16, 2015

Белград, 16. ноември 2015 (ИНПРЕС) – По Париз, а и во Бејрут, задачата на сите треба да биде запирање на омразата, се вели во авторски текст на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, објавен во српскиот весник Alo.

Според зборовите на Вучиќ светот мора да најде начин да се справи со тероризмот и да обезбеди нормален и сигурен живот на сите – како на оние во Париз, така и на оние во Сирија. Според ВучиќСрбија, во која поминале стотици илјади бегалци се обидува да го прави тоа од моментот кога на нејзината граница се појавија првите жртви на истата судбина која го снајде Париз.

Тој уште истакна дека секој кој ќе се обиде да ја користи париската трагедија за ширење на омраза против муслиманите ќе биде на истиот крвав пат на оние кои пукале во невините луѓе во Париз. (Крај)

извор: РТС фото: архива