Белград, 26. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Српските цркви и манастири во Косово никој не може да ги земе, изјавил премиерот на Србија, Александар Вучиќ, по повод одлуката на Извршниот одбор на УНЕСКО за прифаќање на кандидатурата на Косово, пишува српскиот весник “Политика”.
Според изданието, конечната одлука ќе биде донесена од Генералното собрание на УНЕСКО во ноември, до кога Србија има време да го спречи евентуалното прифаќање на Косово во светската организација. Властите во Приштина од своја страна се изјасниле дека иако го следат примерот на Палестина за членство во УНЕСКО без членство во ОН, не сакаат да чекаат 22 години за тоа.
Поранешниот советник на министерот за надворешни работи, Никола Јовановиќ смета дека Србија сеуште има шанси да ја попречи одлуката.
– Гласањето во Извршниот совет покажа дека многу земји се воздржани за ова прашање. Некои заради тоа што не ја признале независноста на Косово, а други сметаат дека треба да се даде шанса на дијалогот меѓу Белград и Приштина, изјави Јовановиќ. (Крај)
извор: Танјуг фото: архива
