Белград, 5. април 2015 (ИНПРЕС) – По Велигденските празници ќе разговарам со хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ за тензиите меѓу двете земји, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
Според него, „без оглед на фактот дека Хрватска и Србија имаат различен однос кон минатото, треба да ја градат својата иднина“. Вучиќ најави дека ќе зборува по телефон со Миловановиќ за палењето на хрватското знаме од страна на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ. Овој инцидент предизвика нови тензии меѓу Белград и Загреб, а хрватската влада го отповика амбасадорот за дополнителни консултации. Во однос на барањето на Меѓународниот трибунал за воени злосторства Србија да го врати назад во притвор Шешељ, Вучиќ изјави: „Србија не е DHL да разменува пратки со Хаг“.
Трибуналот во Хаг го пушти привремено на слобода Воислав Шешељ во ноември минатата година. Пред десет дена од таму побараа лидерот на српските радикали да биде вратен во Хаг. Самиот Шешељ најави дека „нема никаква намера доброволно да се предаде“. (Крај)
извор: Блиц фото: архива







