Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Вучиќ – Србија е далеку од банкрот

Вучиќ – Србија е далеку од банкрот

Белград, 19. септември 2014 (ИНПРЕС) – Србија започнува со намалување на пензиите и платите во јавниот сектор. Сите кои примаат над 25.000 динари ќе бидат опфатени со новите економски мерки на владата.

– Србија е далеку од банкрот, рече српскиот премиер Александар Вучиќ во опширното интервју за државната телевизија РТС. Мерките на кабинетот се однесуваат и на „борбата против сивата економија, намалување на администрацијата во јавниот сектор, намалување на субвенциите за одредени државни претпријатија и поддршка на бизнисот“. Мерките се очекува да стапат на сила уште во текот на следниот месец.

– Сето ова ќе придонесе за оздравување на болната српска економија и ќе доведе до излез од кризата во 2016 година, рече Вучиќ.

Според него, 60.2 % од пензионерите нема да бидат засегнати од намалувањето. Најзасегнати ќе бидат оние кои примаат над 60.000 динари месечна пензија. Со 20 % данок ќе бидат оданочувани оние кои добиваат плата од над 100.000 динари.

Александар Вучиќ неколку пати повтори дека „Србија не е во банкрот и дека е ликвидна“.

– Нашата земја има доволно пари за до месец април да нема потреба да зема заем. Земјоделство ни е целосно уништено и во моментов сме на ниво од 1910 година. Од 2008 до 2012 година дојде до неверојатно зголемување на долгот од 8 на 17,67 милијарди евра. Приватниот сектор е целосно уништен. Платите во јавниот сектор се за 40 % повисоки од оние во приватниот, соопшти српскиот премиер. (Крај)

извор: РТС фото: архива

Post navigation

Previous Папата утре пристигнува во Албанија
Next Хардувелис: На Грција и треба простор за да дише

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.