Белград, 15. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Во Белград премиерот на Србија, Александар Вучиќ се состана со шефот на Директоратот за Западен Балкан и Турција во надворешнополитичката служба на ЕК, Анжелина Еjнгорст.
Како што пишува српскиот весник Blic, главна тема на разговор бил дијалогот со Приштина и евроинтеграцијата на Србија. На средбата Вучиќ истакнал дека неговата земја е подготвена да го продолжи дијалогот со Приштина за сите теми од Бриселскиот договор.
Тој изразил надеж дека новиот круг на преговори ќе биде успешен и во интерес на стабилноста и просперитетот на регионот. (Крај)
извор: Blic фото: архива







