Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Вујановиќ: Николиќ ја навреди Црна Гора со изјавата дека е „играчка на НАТО и ЕУ“

Вујановиќ: Николиќ ја навреди Црна Гора со изјавата дека е „играчка на НАТО и ЕУ“

Подгорица, 4. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека „Црна Гора е играчка на НАТО и ЕУ“ ја оцени како навредлива за Црна Гора, најавувајќи дека има намера тоа да му го каже и лично, при првата следна средба.

Николиќ пред десетина дена во разговор за „Спутник“ ја критикуваше Црна Гора заради влезот во НАТО, констатирајќи дека таа свесно ја поништува својата самостојност во донесувањето одлуки и се препорача како држава која ќе прифати се што ќе и биде речено за да влезе во НАТО и ЕУ, истакнувајќи притоа дека таа „не е играчка и дека луѓето кои ја водат не смеат така да ја третираат“.

Вујановиќ на новинарите во Подгорица им кажа дека досега немал можност за средба со Николиќ, односно дека „едвај ја очекува таа средба“ на која ќе го предупреди „да не се меша во црногорската државна политика, бидејќи Црна Гора со ништо не го загрозила својот суверенитет нити го пренела на НАТО или ЕУ“. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Ципрас: Грција нема да отстапи за барањата за пензискиот систем
Next Карамарко и Петров ќе бидат вицепремиери во новата хрватска влада

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.