Белград/Стразбур, 1. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Бегалците се проблем за Германија и останатите европски земји, бидејќи тие ќе мора да се грижат за нив со години, додека Србија и другите балкански земји треба да се грижат за нив само три дена.
Ова го изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, цитиран од електронското издание Novi magazin.
– Поголемиот дел од оние луѓе кои заминале во Германија поминале низ Србија. Им беше дадена хуманитарна и медицинска помош и тие не се плашеа да се регистрираат кај нас. Нашиот пристап е различен од оној на Унгарија и Хрватска, изјавил Вучиќ во Стразбур, по состанокот со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Ен Брасер. (Крај)
извор: РТС фото: архива
