Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Генерално Собрание на Меѓународната унија на професионални водичи во планина во Скопје

Генерално Собрание на Меѓународната унија на професионални водичи во планина во Скопје

1 min read
Генерално Собрание на Меѓународната унија на професионални водичи во планина во Скопје

Планински пат Галичица

Скопје, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија за прв пат ќе биде домаќин на Генерално Собрание на Меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA (Union of International Mountain Leaders Associations) кое преставува највисок управувачки орган на унијата.

Во рамки на Генералното Собрание ќе се одржуваат сесии на управувачките и стручните тела на UIMLA, од 29-ти октомври до 4-ти ноември. Важен дел од настанот се стручните тематски сесии на кои се дискутира за иднината на професијата, но и иднината на авантуристичкиот туризам во светот. Оваа година Генералното Собрание на UIMLA е со посебна важност затоа што станува збор за јубилеен настан по повод дваесет години од постоењето на меѓународната организација.

– Изборот на Република Македонија за домаќин на јубилејното собрание не е резултат на случајност, туку потврда за квалитетот на Македонската Асоцијација на Интернационални водичи во планина и нејзиниот сериозен придонес и искрен пристап во развојот на професијата на меѓународен план. Важно да се напомене дека преку Македонската Асоцијација на Интернационални водичи во планина, Република Македонија е прва и засега единствена земја од регионот која што е полноправна членка на UIMLA и која што врши обука на професионални водичи во соседните земји, како Косово, Албанија и Црна Гора, што преставува своевидна потврда за нашето регионално лидерство во планинскиот туризам. Воедно тоа преставува одлична можност за соодветно лидерско позиционирање на сите туристички чинители од земјава, како од деловниот сектор, така и инститиуциите да ја искористат оваа ретка и тешко заработена можност, за подобро позиционирање на домашниот туризам во деловна, но и во институционална смисла. Ефикасното спроведување на овој важен настан за Република Македонија е од особена важност, не само за професионалните водичи во планина, туку и за туристичкиот и економскиот сектор во земјава, како и за институциите во чија што надлежност е организацијата и подршката на туризмот, затоа што тоа е ретка прилика да се презентира нашата земја и нејзините вредности пред меѓународната организација на професионални водичи, која што има исклучително значајна улога во креирањето на светските текови во авантуристичкиот туризам, кој пак од своја страна претставува еден од најважните сектори во дојдовниот туризам и важен економски потенцијал за нашата земја, информираат од Македонската Асоцијација на Интернационални водичи во планина.

UIMLA е меѓународно раководно тело кое ги претставува професионалните планински водичи (International Mountain Leaders – IML) ширум светот. Една од најважните цели за UIMLA е да ја претставува професијата на меѓународно ниво, како и да постави еднакви стандарди на квалификации за сите меѓународни професионални планински водичи (IML). UIMLA исто така ја промовира професијата и ја поддржува соработката помеѓу професионалните планински водичи од различни земји во светот. IML стандардот претставува меѓународен стандард за професионалните водичи во планина кои се занимаваат со водење клиенти на комерцијални планински тури низ целиот свет, односно гости во планинскиот туризам.

Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина – МАИВП е национална организација на професионалните водичи во планина од Република Македонија која е членка на меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA од 2008 година, а од 2018 година е полноправна членка со право за издавање меѓународни лиценци за професионални водичи во планина според стандардот на UIMLA – International Mountain Leader, кое што претставува формално имплементирање на највисоките меѓународни критериуми за планински туризам во земјава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous СВР Охрид: Голема полициска акција во Тетово и Охрид, уапсени се повеќе лица
Next Општински натпревари во ракомет, најдобра екипата на ОСУ „Св. Климент Охридски“

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.