Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Сараево, 25. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Од вчера, делегација на АРМ предводена од НГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина.
Денес, НГШ на АРМ во Сараево беше пречекан со високи воени почести од началникот на Здружениот штаб на Вооружените Сили на Босна и Херцеговина, генерал-потполковник Анте Јелеч.
На средбата, двајцата генерали констатираа дека односите меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина се пример за одлична соработка во регионот, а во прилог на ова е успешната билатерална соработка помеѓу двете армии. Покрај продлабочувањето на билатералната соработка, на средбата стана збор и за заедничките активности во рамките на Јадранската повелба во А5 формат, како и во мисијата „Resolute Support“ во Авганистан.
Генералот Котески искажа целосна поддршка во остварување на зацртаните цели кои Босна и Херцеговина треба да ги остварите како актуелен претседавач на Јадранската повелба, при што потенцираше дека годинава Република Македонија е домаќин на средбата на началниците на генералштабовите од А5 форматот. Генералот Котески ја истакна подготвеноста за давање отворена помош во поддршката на Босна и Херцеговина на патот кон членство во НАТО.
За време на престојот во Сараево, НГШ на АРМ беше примен и од министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зекријах Осмиќ. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
