Белград, 12. мај 2015 (ИНПРЕС) – Помошник комесарот за бегалци и емигранти на Република Србија, Иван Гергинов изјави дека за време на викендот, и за време на конфликтот во Куманово, од Македонија дошле во Србија околу 500 луѓе, но дека тие биле роднини и пријатели на србите, а не биле бегалци.
Гергинов за новинската агенција Бета изјави дека нивното пристигнување било на 9 и 10 мај, но дека “никој од анкетираните” луѓе кои доаѓале во Србија, не биле бегалци, а во никој случај скриени вооружени напаѓачи.
– Ние, само за посебни случаи имаме подготвени капацитети во Бујановац, Прешево и Врање, рече Гергинов, додавајќи дека во општина Прешево постои кризен штаб.
Гергинов исто така, потсети дека комесаријатот за бегалци јавно ги поканил сите семејства кои имаат проблеми со финансиите, здравството, или било кој друг вид да го пријавите на Црвениот крст, комесаријатот за бегалци или центарот за социјална работа. (Крај)
извор: Бета фото: архива
