Нирнберг, 7. март 2024 (ИНПРЕС) – Шеесет и двегодишен маж од Германија примил 217 вакцини против COVID-19, спротивно на лекарските совети. Бизарниот случај е објавен во журналот за заразни болести „Лансет“.
Тој приватно ги купил и примил вакцините за период од 29 месеци, при што немал никакви несакани ефекти, објавија истражувачите од Универзитетот Ерланген-Нирнберг.
– Дознавме за овој случај од написи во весници. Го контактиравме човекот и го поканивме да направиме тестови во Ерланген. Беше многу заинтересиран за тоа, изјави Килијан Шобер од одделението за микробиологија на универзитетот.
– Ние сепак не ја поддржуваме хипервакцинацијата како стратегија за подобрување на адаптивниот имунитет, кажа Шобер. (Крај)
извор: Сакам да кажам фото: архива







