Охрид, 13. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Охридските кошаркари во недела ги продолжуваат натпреварите во Првата лига.
Во рамки на третото коло играат на гостински терен во Гевгелија, против екипата на Кожув. Натпреварот ќе се одигра во салата „26.Април“ со почеток во 18:00 часот.
На Фејсбук страната на ГКК Охрид ќе биде објавен линк за следење на натпреварот во живо.
Охридските кошаркари досега зад себе имаат една победа и еден пораз. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива