Охрид, 29. септември 2023 (ИНПРЕС) – Започнуваат прволигашките возбудувања за ГКК Охрид.
Во дебитантскиот натпревар во Првата лига охридските кошаркари ќе ги одмерат силите со КК Вардар, на гостински терен во Скопје.
Натпреварот ќе се одигра утре од 18:00 часот во мала сала „Кале“. Линкот за следење на натпреварот во живо ќе биде објавен на официјална страна на ГКК Охрид.
Согласно распоредот на натпревари за оваа сезона, покрај Вардар, противници на нашите кошаркари ќе бидат тимовите на ФМП, Кожув, Гостивар, Пелистер, МЗТ, Еуроникел, Работнички, Феникс,ТФТ и Чаир. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива