Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Главната расправа од судењето за напаѓачот на Пендиков одложена за 5-ти април

Главната расправа од судењето за напаѓачот на Пендиков одложена за 5-ти април

1 min read
Главната расправа од судењето за напаѓачот на Пендиков одложена за 5-ти април

Охрид, 28. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Главната расправа од судењето за напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков одложена за 5-ти април.

Денеска на првото рочиште одбраната на обвинетиот побара, а Судот прифати одложување. Одбраната побара да им бидат доставени доказите прибрани од Обвинителството.

Што се однесува пак до барањето на обвинителстото да сведочи и нападнатиот Пендиков, кој во моментот е во Бугарија, обвинителите рекоа дека не се знае кога тој ќе може да присуствува.

– Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето, рекоа обвинителите.

На обвинетиот му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди,а предметот го води судијата Бојан Мартиноски.

Според процедурите, Пендиков би требало да изврши препознавање на напаѓачите и за да му достави покана на Пендиков, охридското обвинителство преку бугарските власти се обиде да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште.

– За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок, појаснуваат од обвинителството по испраќањето на барањето до бугарските власти.

Судењето за напаѓачот на Пендиков повторно го пробуди интересот Бугарија, па бројни бугарски медиумски екипи и денеска беа во Охрид. Во центарот на градот, по Градскиот кеј, тие утрово трагаа по соговорници во обид да фрлат ново светло врз настанот и да дадат тежина на својата „вистина“.

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, Христијан Пендиков може кривично да одговара за навредите кои ги изрече на сметка на Република Македонија и Македонците, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Пендиков ќе треба да ги докаже пред обвинителството во Македонија своите наводи за малтретирање на Бугарите, а вицепремиерот Маричиќ смета дека Пендиков не бил нападнат затоа што се чувствува Бугарин.

Во меѓувреме, Пендиков, кој веднаш по инцидентот што се случи на 19-ти јануари, со авион беше транспортиран на лекување во Бугарија ги ужива привилегиите од бугарската држава, па покрај државјанство, стан и обезбедување, ќе добие и стипендија да студира во Софија. Ова го соопшти потпрестедателката на Бугарија Илијана Јотова која во амбасадата на Бугарија во Скопје се сретна со претставници на бугарските здруженија во Македонија, на кои им се заблагодари на „храброста да ја бранат својата бугарска самосвест“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Жителите од улицата „Крум Точко“ неколку часа без вода
Next Зорица и Билјана одамна починаа, велат наследниците на двете Македонки кои ги бараше актерката Барбара Сукова

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.