March 21, 2023

Охрид, 21. март 2023 (ИНПРЕС) – По паузата, продолжуваат натпреварите од плеј-офот во ракометната Супер лига.

ГРК Охрид претстојниот викенд го игра првиот од серијата клучни натпревари во борбата за висок пласман, против Пролет во Скопје. Екипата најавува беспоштедна борба во остварување на посакуваната цел.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „" како тим минавме низ тешки борби. остваривме непосакувани резултати. Ha нас e да го промениме Toa рксхриа Ce поврзавме силно како тим. наша единствена цел e да триумфираме BO натпреварот co пролет и да им ja посветиме победата на нашите поддржувачи. TINEX HSAPROLETCR 28 Vs Epaj каракоч недела, 26.03.'23. @ 16:30 сала: „македонско сонце" скопје“

– Како тим минавме низ тешки борби. Оставривме непосакувани резултати. На нас е да го промениме тоа. Се поврзавме силно како тим. Наша единствена цел е да триумфираме во натпреварот со Пролет и да им ја посветиме победата на нашите поддржувачи, вели ракометарот Ерај Каракоч.

Натпреварот ќе се одигра в недела во салата „Македонско сонце“ во Скопје, со почеток во 16:30 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива