January 23, 2023

Охрид, 23. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид до четврток престојуваат во Шабац,Србија, да одработат дел од зимските подготовки, во пресрет на новата полусезона.

„Гладијаторите“ покрај тренинзите, ќе одиграат и три пријателски натпревари со врвот на српската лига, т.е. со екипите на Црвена Ѕвезда, Металопластика и Партизан.

Нема достапен опис

По засега четирите засилувања во преодниот рок, ГРК Охрид ја продолжи соработката со десниот бек Дејан Шешиќ, кој потпиша договор до 2024 година, додека пак централниот бек Владан Кастратовиќ е пратен на позајмица во РК Куманово.

Покрај тоа, во овој период реновирана е соблекувалната на клубот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива