Тирана, 25. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Синоќа на полноќ албанската полиција, поради целосен мрак, ја прекина големата акција во селото Лазарат, кралството на марихуаната, чие производство годишно се проценува на четири милијарди долари.
Околината на Џирокастро, синоќа била вистинско место на војна меѓу нарко-дилерите и 400-тини припадници на специјалната единица Ренеа. Полицијата својата акција посебно ја засилила по убиството на еден и ранувањето на двајца специјалци.
Сите приоди кон селото се под целосна контрола на полициските сили, досега се уапсени 11 членови на нарко-групата, меѓу кои четворица се предале. По повеќе од 20 луѓе е распишана потерница. Денеска се очекува акцијата да заврши. (Крај)
извор: Телма фото: Телма







