March 10, 2015

Атина, 10. март 2015 (ИНПРЕС) – Лошото време создава проблеми во Грција, посебно во реонот на Серес, во северниот дел на земјата, каде денес е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи од дожд кои се застапени веќе неколку дена.

Поројот уништи голем број посеви и поплави дел од патната мрежа во земјата.

Според оценкта на техничките тимови кои ги посетија најпогодените општини, во десетици села биле поплавени најмалку 5.000 хектари обработливо земјиште. Има штета и во системите за наводнување и кај руралните патишта и мостови.

Регионалните власти предупредија дека водата во езерото Керкини е со опасно високо ниво. (Крај)

извор: бгнес фото: архива