Скопје/Приштина, 9. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Граѓаните на Македонија и Косово наскоро ќе можат да ја поминуваат државната граница со биометриски лични карти за краток престој во соседната држава.
Ова беше договорено на средбата во Приштина меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи на која беа потпишани договори за преминување на границата со биометриски лични карти и за отворање на новиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Белановце-Станчиќ.
На средбата станало збор и за реализација на заедничките инфраструктурни проекти и за можноста за тоа да се добијат средства од Европската унија и меѓународните финансиски институции. (Крај)
извор: МИА фото: архива







