July 5, 2015

Атина, 5. јули 2015 (ИНПРЕС) – Грците гласаат за предлогот на меѓународните кредитори за решавање на должничката криза.

Нејасно е што ќе се случи по референдумот, без разлика дали граѓаните ќе заокружат „да“ или „не“. И покрај уверувањата од страна на грчката Влада дека гласањето против предлогот нема да доведе до излез од еврозоната, повеќето се согласуваат дека се отвораат повеќе неизвесни последици.

Повеќе европски политичари, вклучувајќи го и холандскиот министер за финансии и претседател на еврогрупата Јерун Дијселблум, сметаат дека грчкото „не“ ќе ја загрози положбата на Грција во еврозоната.

Други, како што се лидерите на Франција и Италија држат „отворени врати“ за понатамошни преговори. (Крај)

извор: Focus фото: архива