July 3, 2015

Атина, 3. јули 2015 (ИНПРЕС) – Во Грција кулминира кампањата пред неделниот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се „За“ или „Против“ пакетот мерки за штедење со кои е условена натамошната финансиска помош за Грција од меѓународните кредитори.

Грците главно се збунети и гневни од она што моментално им се случува.

Иако немаше ни време ни пари за формална кампања, подржувачите на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговите противници се обидуваат да ги убедат Грците, за, според нив, исправната опција. На телевизиите одат спотови, преку кои се повикуваат граѓаните да донесат одлука. Низ улиците на градовите има многубројни плакати кои пропагираат „За“ или „Против“, а исто така видливи се и долгите редици пред банкоматите, кои станаа симбол на моменталната финансиска криза во Грција.

Многумина Грци се разочарани од фактот што тешката одлука е префрлена на нивен грб, бидејќи владата не успеа да се договори со европските партнери. (Крај)

извор: Fokus фото: архива