September 9, 2015

Атина, 9. септември 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос побара од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, да свика итен самит на лидерите на Европската унија за решавање на растечката криза со миграцијата.

Павлопулос, кој телефонски разговарал со Туск, го упати барањето еден ден откако Грција побара 2,5 милиони евра итни финансиски средства од ЕУ за да се справи со бегалската криза.

За време на состанок со министерот за здравство Панајотис Курублис, Павлопулос рече дека миграциската криза „не е само прашање на безбедноста, туку исто така, и хуманитарна криза“. (Крај)

извор: Репортер фото: архива