November 4, 2015

Атина, 4. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Грција ги испрати првите бегалци кон Луксембург во рамките на шемата за правична прераспределба на мигрантите меѓу земјите од ЕУ, пишува весникот Kathimerini.

Шест семејства од Сирија и Ирак се испратени од Атина за Луксембург.

– Вкупно 30 лица од илјадници, кои избегале од своите домови во Сирија и Ирак, се капка во морето. Ние сепак се надеваме дека тоа нема да се претвори во поток, бидејќи тоа се и принципите од кои е подигната Европската унија, рече премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Заедно со Италија Грција е најпогодена од доаѓањето на бегалци. (Крај)

извор: Kathimerini фото: архива