July 23, 2015

Атина, 23. јули 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот парламент го усвои вториот пакет мерки за реформи, пренесоа агенциите.

Тоа беше и условот за започнување на преговори со меѓународните кредитори.

Реформите беа усвоени со 230 гласа “за”, при 63 “против”, петмина се воздржаа, а двајца отсутни од гласањето. Алексис Ципрас беше принуден за поддршка  на проевропската опозиција по бунт во неговата радикална партија СИРИЗА.

Новиот пакет предвидува промени во граѓанска постапка, мерки за продажба на аукција на недвижности на должници на хипотекарни кредити, како и интегрирање во грчкото законодавство со директивите на Европската унија за спасување на финансиските институции. (Крај)

извор: Kathimerini фото: архива