July 28, 2015

Атина, 28. јули 2015 (ИНПРЕС) – Грчката влада покрена сложени преговори со доверителите за кредитната помош и тоа соочена со критики поради наводите дека поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис имал тајна група за планирање за префрлање на финансиите од евра на драхми.

Министерот за финансии Еуклидис Цакалотос изјави дека во Атина почнале состаноци на грчки официјални претставници и преговарачките тимови што ги застапуваат доверителите и дека преговорите ќе бидат интензивирани.

Пред почетокот на разговорите во Атина, беше објавена снимка на која Варуфакис договара таен план за враќање на драхмата. Опозицијата побара од премиерот Алексис Ципрас да им објасни на пратениците дали знаел за постапките на неговиот поранешен министер за финансии. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива