Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 29. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Грчката влада потврди дека банките ќе бидат затворени цела недела, по одлуката на Европската централна банка да не одобри нов пакет финансиска помош за земјата.
Владата ја истакнува „екстремно итната потреба да го затити финансискиот систем заради недостаток на ликвидност. Подигањето на пари ќе биде лимитирано на 60 евра дневно во текот на овој период, се вели во декретот.
Атина треба до утре да врати дел од својот долг кон Меѓународниот монетарен фонд во износ од 1.6 милијарди евра – на денот на истекот на актуелната финансиска помош. (Крај)
извор: Focus фото: архива
