Атина, 11. август 2015 (ИНПРЕС) – Грција и меѓународните кредитори се договориле за финалните фискални цели за примарниот буџетски суфицит од 2016 година.
Целите во некои делови се разликуваат од претходното основно сценарио, а предвидуваат примарен буџетски дефицит од 0,25 проценти од БДП во 2015 година, потоа 0,5 проценти вишок во 2016 година, 1,75 проценти во 2017 година и 3,5 проценти во 2018 година.
Грција моментно преговара за условите за третата финансиска помош во вредност до 86 милијарди евра. (Крај)
извор: novinite фото: архива