Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Грција и Турција ќе ја шират својата мрежа на гасоводи

Грција и Турција ќе ја шират својата мрежа на гасоводи

1 min read

Атина, 7. декември 2014 (ИНПРЕС) – Грција и Турција поставија нова заедничка цел за развивање на регионалната соработка, особено во енергетскиот сектор преку градење и проширување на мрежата на гасоводи.

Ова се наведува во заедничкото соопштение објавено на крајот на третата сесија на Врховниот совет за соработка меѓу Грција и Турција. На состанокот присуствуваа членовите на владите на двете земји.

Во документот се истакнува дека „Грција и Турција го поставуваат како цел понатамошниот развој на билатералната и регионалната соработка во енергетскиот сектор, особено во поглед на гасоводите“.

– Транс-јадранскиот гасовод (ТАП) и Транс-анатолскиот гасовод (ТАНАП) се меѓусебно поврзани и несомнено се најефективниот пат од гледна точка на трошоците за транспорт на природен гас од Каспискиот регион до Западна Европа (по 2020 година), се вели во заедничкото соопштение.

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос изјави во петокот во своето обраќање на форумот во Атина дека Грција придава големо значење на изградбата на Јужниот енергетски коридор.

– По последните настани во врска со „Јужен поток“, сето ова доби дополнително значење за економскиот развој и меѓународната политика, рече грчкиот вицепремиер. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Могерини: Русија да не го меша Балканот во спорот Москва-Брисел
Next Путин разговарал за „Јужен поток“ со Орбан и Николиќ

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.