Атина/Париз, 24. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Утре претставници на официјална Атина ќе разговараат со “тројката” меѓународни кредитори во Париз за излегувањето на земјата од спасувачката програма, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на изјава на претставник на министерството за финансии на Грција.
– Вчера доцна вечерта беше достигнат договор дека утре во Париз ќе се одржи средба на грчкиот преговарачки тим со раководителите на” тројката “кредитори. На средбата ќе се разговара за оценката на спроведувањето на програмата за реформи, информираат од министерството.
Властите во Грција се’ уште не можат да се помират со “тројката” за редицата прашања, во врска со која се уште нема датум за доаѓањето на нова мисија на доверителите за оценка на реформите. Од оваа оценка ќе зависи исплатата на следната, последна транша од финансиската помош. Не е исклучено Грција да не добие и 8 милијарди евра од Европскиот механизам за финансиска стабилност. (Крај)
извор: РИА Новости фото: архива







