Атина, 5. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Грција нема да ја намали цената за продажба, која ја бара од германската компанија “Фрапорт” за приватизацијата на некои од аеродромите во земјата.
Ова го пренесе Reuters повикувајќи се на изјавите на началникот на грчката агенција за приватизација.
Владата го избра “Фрапорт” и нејзиниот грчки партнер “Копелузос” во рамките на тендерот за водење на 14 аеродроми во туристички дестинации.
“Фрапорт” се согласи да плати 1,2 милијарди евра за 40-годишното стопанисување на аеродромите во популарни туристички места, вклучувајќи ги и островите Крф и Миконос. (Крај)
извор: Reuters фото: архива
