Атина, 6. мај 2015 (ИНПРЕС) – Грција отплати камати вредни 200 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд, што е прва од двете транши на камати кои Атина треба да ги отплати до средината на месецот, соопшти грчкото Министерство за финансии.
Aтина успеала да ја отплати помалата камата од двете чија вкупна вредност достигнува речиси милијарда евра, и покрај неуспехот со меѓународните кредитори да постигне договор за реформите кои би ја отклучиле траншата на кредит со помош вредна 7,2 милијарди евра, наведува агенцијата Франс Прес.
Грчките претставници ги отфрлаат шпекулациите дека владата во Атина нема да собере доволно пари за да отплати 750 милиони евра камата на ММФ , кои на наплата завршуваат на 12 мај. (Крај)
извор: Фактор фото: архива







