Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Грција поскапува: цените во маркетите растат, се жалат туристите

Грција поскапува: цените во маркетите растат, се жалат туристите

1 min read

Атина, 20.јули 2015 (ИНПРЕС) – Грција повторно станува скапа дестинација за македонските граѓани. Цените во маркетите, но и во сместувачките капацитети, кои се спуштија во последните неколку години, тргнуваат во нагорна линија.

Ќе се повторат ли сцените од пред десетина години кога одењето на одмор во Грција поради превисоките тамошни цени претставуваше сериозен проект за ребалансирање на домашниот буџет, а со цел да се издвојат колку-толку средства за да се помине еден скромен одмор покрај Егејското или Јонското Море.

Грција, се чини, повторно станува скапа дестинација за македонските граѓани. Цените во маркетите, но и во сместувачките капацитети, кои во последните неколку години се спуштија до пристапно ниво за македонскиот потрошувачки капацитет, тргнуваат во нагорна линија, што нам не ни одговара.

Оваа промена е на некој начин изнасилена. Причина за тоа е договорот за штедење што го потпиша Грција со ЕУ, а во чии рамки една од мерките е зголемување на данокот на додадена вредност од 13 на 23 отсто.

Генерално, во Грција ДДВ е 23 отсто, со таа разлика што за голем број прехранбени продукти тој изнесуваше многу помалку. Но од денес данокот расте на 23 отсто и за основните продукти за исхрана. Тоа автоматски влече бран поскапувања низ маркетите.

Според наши туристи, кои деновиве биле во Грција, се забележува поскапувањето, иако засега не е драстично. Така во летувалиштето Неапори, на Егејското Море, цените за сместување за еден ден во овој период се движеле околу 45-50 евра, за мал апартман.

– За разлика од претходните години, овој пат беше забележливо дека дел од цените се повисоки од тоа што беа претходно. Разликата не е драстична, но сепак голем дел од заштедата наменета за одмор може да биде потрошена побрзо, отколку во претходните години – вели 40-годишна скопјанка која деновиве била на одмор во Грција.

Според цените што ги кажуваат наши туристи, популарното гиро е веќе околу три евра, и со помали димензии од претходно. Мала пица е осум евра, а парче пица е околу 1,5 евро. Доматите се по цена од околу 1,3 евро за килограм. Лебот е околу осумдесет центи, исто колку и една чоколадна крофна. Литар млеко е околу 1,2 евро, а пакувани шест јајца чинат околу едно евро.

Праските се продаваат по цена од едно евро за килограм, па нагоре, а најниската цена за лубениците е околу педесет центи, додека дињите можат да се најдат за цена од седумдесет центи, до едно евро за килограм.

Лежалките се движат по цена од три, па до пет и седум евра, во зависност од локацијата на плажата и од тоа што се нуди на неа како услуга за туристите. Пивата во баровите на плажа се движат по цени од 3, па до 5 евра. Коктелите, пак, се од седум евра па нагоре.

Грција се надева дека со зголемувањето на ДДВ и за храната, ќе ја подобри сопствената буџетска состојба за 54 милиони евра. Сепак, услов за тоа да се оствари е жителите на Грција да продолжат да купуваат со ист интензитет како и претходно.

Зголемувањето на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи и одредени услуги беше едно од клучните барања на грчките кредитори и беше одобрено од парламентот минатата недела. За некои производи како: ориз, тестенини, месо, кафе, чај, шеќер итн, ДДВ ќе достигне 23 проценти.

Истражување на Атинскиот институт за истражување на трговијата на мало сугерира дека повисоките даноци ќе му донесат дополнителен годишен товар од 157 евра на секое домаќинство.

Данокот, исто така, ќе биде зголемен и во рестораните и во хотелската индустрија, а и возењето со такси ќе стане поскапо. И малите бизниси треба да очекуваат зголемување на даночната претплата, а солидарната доплата за оние со повисоки приходи ќе важи ретроактивно од почетокот на годината.

За разлика од поскапувањето, добра вест за грчките граѓани е што банките од денеска се повторно отворени. Грците се надеваат дека нема да се повторат сцените од нивното затворање, кога мораа да чекаат со часови за да извадат пари од банкоматите. Сепак, ограничувањата за дневниот лимит што може да се подигне од банкомат понатаму остануваат во сила.

Пред Грција денеска е уште еден тежок ден. Земјата на Европската централна банка денеска треба да ѝ исплати 3,5 милијарди евра. За подмирувањето на овој долг, во петокот Европската унија изгласа итно одобрување на кредит на Грција во висина од 7 милијарди евра.

Грција и понатаму му должи на Меѓународниот монетарен фонд околу две милијарди евра. Тие пари никој нема намера да им ги прости и се чека денот кога земјата ќе го подмири и тој долг.(Крај)

извор:Телеграф фото: архива

Post navigation

Previous Во бомбашкиот напад во Суруч загинаа 27 лица
Next Давутоглу: Да бидеме подготвени за можни предвремени избори

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.