Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 22. мај 2015 (ИНПРЕС) – Преговорите на Грција со Русија за проектот „Турски поток“ се во завршна фаза, објави грчкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис.
– Ги започнавме преговорите, без да ги прашуваме нашите транс-атлантски сојузници, чии позиции ни се познати и ги изразуваат само нивните интереси. Ние сепак се раководиме од своите национални интереси. Кога ќе биде постигнат договор, Грција ќе стане голем енергетски јазол, што ќе донесе значителни буџетски предности и ќе ја намали цената на природниот гас за земјата, истакна министерот.
Панајотис Лафазанис е дециден дека официјалниот став на Грција во врска со нафтоводот се определува од национални интереси на земјата.
„Газпром“ и турската компанија „Botas“ на 1. декември 2014 година потпишаа меморандум за разбирање и изградба на морскиот дел од гасоводот, односно трасата од Русија кон Турција со проток од 63 милијарди кубни метри гас, од кои околу 47 милијарди кубни метри ќе бидат доставени во новиот гасен центар на турско-грчката граница. (Крај)
извор: ИТАР-ТАСС фото: архива
