Атина, 16. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Десетина дена пред предвремените парламентарни избори во Грција, левичарската партија СИРИЗА води пред главниот политички противник „Нова Демократија“ со околу 7%.
Ова го покажуваат резултатите од последната анкета што е објавена во денешниот печат во Атина.
Ако изборите се денес СИРИЗА ќе добие 28.7 проценти од гласовите, „Нова Демократија“ – 21,8 отсто, Потами – 6.8 проценти, „Златна Зора“ – 6.1 отсто, Комунистичката партија – 4.4 отсто и ПАСОК 3 отсто од гласовите.
Сите останати политички партии кои се регистрираа за предвремени парламентарни избори остануваат под три процентниот изборен праг, вклучувајќи и партии како ЛАОС, „Независни Грци“ и „Движењето на демократи социјалисти“. (Крај)
извор: АФП фото: АП