Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Грција тешко се справува со миграцијата

Грција тешко се справува со миграцијата

1 min read

Атина, 14. декември 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас изјави дека Грција прави се што може за да се справи со кризата со миграцијата, која ја опиша како „голем проблем, кој ги надминува грчките граници и границите на Европа“.

Тоскас го посети стадионот за таеквондо во Палио Фалиро, каде изминатиов викенд дојде до тепачки меѓу групи мигранти од разни земји.

– Грција не може повеќе да задржува илјадници мигранти кои доаѓаат во земјата. Нашата земја не може да се справи со тоа, нашата економија не може да се справи со тоа, истакна тој.

Коментарите на Тоскас доаѓаат пред Самитот на лидерите на Европската унија закажан за в четврток и петок на кој прашањето за миграцијата ќе се разгледува заедно со плановите за создавање нови гранични сили на ЕУ, за чие распоредување, за разлика од Фронтекс, нема да треба одобрување од земјите-членки. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Нова етапа од преговорите на Србија со ЕУ
Next Србија ги почна преговорите за членство во ЕУ

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.