Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Скопје/Атина, 14. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Нешто помалку од 800 илјади Македонци во првата половина од 2015-та ја посетиле Грција, а со тоа нашата земја се наоѓа на 4-то место по бројот на пристигнувања од европските држави кај јужниот сосед.
Како што информира Канал 5, во податоци објавени од грчката статистичка служба, од истражувањето спроведено од банката на Грција, Македонија е и меѓу првите 3 земји со најголемо зголемување на пристигнувањата во споредба со истиот период лани. Поконкретно, 794 648 Македонци ја посетиле Грција во првите 6 месеци, бројка што е за 37.8% од онаа од лани, додека пак од вкупниот број пристигнати туристи кај јужниот сосед, нашите се 10.5% или само 1.8% помалку од Бугарите кои што се на првото место.
Пред нас, освен источниот сосед, се и Германија и Велика Британија. За нешто повеќе од 220 000 Македонци е поголем бројот на нашите туристи оваа година во споредба со периодот јануари – јули 2014, со што нашата земја е на второто место во категоријата земји со најголемо зголемување. Пред нас е Бугарија, а зад нас Германија, Велика Британија, Романија и слично.
Во однос на начинот на кој Македонците преферирале да допатуваат во Грција, очекувано бројот е најголем со автомобил 791 810 – додека па потоа следат 1826 туристи кои стигнале по воден пат, 749 го користеле железничкиот сообраќај, а само 262 авионскиот. (Крај)
извор: Канал5 фото: архива
