Атина, 6. август 2015 (ИНПРЕС) – Грција сака да склучи договор за тригодишната кредитна програма до 18 август, кога тоа треба да биде ратифициарно од парламентот на земјата, изјави претставникот на грчката влада Олга Геровасили.
Како што пишува Naftemporiki, на предвидениот датум ќе се постигне договор.
– Преговорите започнаа во многу добра атмосфера, подобра од кога и да било претходно. Се надевам дека ќе почнеме веднаш да го подготвуваме текстот на договорот за кредитна програма, врз основа на овие моменти на кои ставовите на двете страни се совпаѓаат.
Во моментов се движиме по распоред и се стремиме да постигнеме стабилна економска атмосфера, изјави Геровасили. (Крај)
извор: focus-news фото: архива







