Атина, 26. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Грција се обврза да отвори доволно прифатни центри за сместување на 30 000 бегалци до крајот на годината, а ОН ќе обезбеди уште 20 000 места, најави претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, соопштува весникот Kathimerini.
– Ние ќе го зголемиме капацитетот за прием до 100 000 места во Грција и Западен Балкан, рече тој по состанокот на 11 европски лидери во Брисел.
– Му честитам на грчкиот премиер за неговата подготвеност да се зголемат местата за прием во Грција на 30 000 до крајот на оваа година, а Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) ќе помогне за обезбедување на уште најмалку 20 000 места во Грција, додаде тој.
– Едностраните активности може да доведат до верижна реакција, се вели во заедничката изјава по средбата. (Крај)
извор: focus-news фото: архива