Атина, 03. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Владата на Грција предлага наместо да се отпишува долгот на земјата, замена на државни обврзници за нови.
– Новите обврзници ќе бидат издадени во два вида. Првиот тип ќе биде поврзан со развојот на економијата, а вторите ќе бидат без датум за отплата. Првите ќе ги заменат кредитите одобрени на Грција од земјите од Еврозоната, а вториот тип ќе ги држи Европската централна банка, предложуваат од владата.
Европските партнери треба да и помогнат на новата грчка влада да ја реформира земјата и да даде финансиски простор, за да се извршат овие реформи.
– Во спротивно Грција ќе продолжи да се задушува и ќе стане деформирана, наместо во реформирана земја, се додава од кабинетот на Алексис Ципрас.
Ципрас планира да започне борба против богатите, кои кријат даноци. (Крај)
извор: Фајненшл тајмс фото: архива







