Атина, 31. август 2015 (ИНПРЕС) – Крајбрежната стража на Грција спасила околу 2 500 имигранти од водите на Средоземното Море, при спроведени десетици спасувачки операции за време на викендот. Тоа е прилив на луѓе кои бараат безбедност во Европа и бегаат од војните и сиромаштијата во Блискиот Исток, Африка и Азија, пишува The Washington Post.
Канцеларијата за крајбрежна стража на Грција, изјави дека спасила 2 492 лица во 70 операции околу островите Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси, Фармакониси, Кос и Сими од петокот вечер до утрово.
Одделно 13 лица биле спасени од патрола на грчката крајбрежна стража, откако биле забележани во водата крај островот Хиос од локален брод. (Крај)
извор: Катимерини фото: архива