December 6, 2015

Атина, 6. декември 2015 (ИНПРЕС) – Предлог-буџетот на министерот за финансии Евклидис Цакалотос доби 153 гласа „за” наспроти 145 гласа „против”, додека двајца пратеници од 300-члениот парламент беа отсутни.

Буџетот предвидува над пет милијарди евра намалување на трошоците и околу две милијарди евра од повисоки даноци, со цел да се задоволат барањата на меѓународните кредитори.

Владата на премиерот Алексис Ципрас предвидува нула економски раст оваа година и 0,7 отсто во 2016 година. Претходно предвидуваше пад од 2,3, односно 1,3 проценти. (Крај)

извор: Катимерини фото: архива