August 20, 2015

Атина, 20.август 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас, се очекува да поднесе оставка денес.

Премиерот изгледа одлучи дека Грција треба да одржи предвремени избори, иако одобрија вчера пакет за помош од 86 милијарди евра.Првата транша од 13 милијарди пристигнува денес, а ќе треба да покрие итни плаќања на достасување на еврообврзници и кон ММФ.

Околу Ципрас се обликувале две групи советници, а едните го притискаат да одржи избори меѓу 20 и 27 септември, така што владата ќе го надмине внатрешниот расцеп на СИРИЗА. Другата група препорачува гласање да нема пред почетокот на октомври, па владата да има шанса да го исполни својот нов договор за спасување со доверителите, градење на доверба со нив и можеби да се исчисти програмата со некои корекции.

Грчкиот премиер му пиша на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, барањето Европарламентот да влезе како гарант на договорот, како врховен демократски орган во Европа. Неговиот предлог ќе се разгледува в недела.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива