Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски

Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски

Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски

Белград/Охрид, 18. мај 2026 (ИНПРЕС) – Гудачкиот квартет „Атака“ вечерва од 19:00 часот во македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе оджри концерт, а меѓу делата што ќе ги изведат ќе има и на охридскиот композитор Гоце Гавриловски.

– Овој музички проект, поддржан од Министерството за култура и туризам, пред белградската публика ќе го претстават Васко Шутаров од име на КИЦ Белград и Дејан Мојсовски од име на СОКОМ. На програмата ќе бидат изведени дела од македонските автори Стефан Гајдов, Драган Шуплевски, Ана Пандевска и Гоце Гавриловски, информираат организаторите.

Гудачкиот квартет „Атака“ е формиран во 2022 година и за краток период се наметна како еден од најактивните млади камерни ансамбли на домашната сцена. Составот го сочинуваат Ева Богоевска и Марија Трајковска (виолина), Илза Бафтиари (виола) и Маја Михајловска (виолончело).

Од своето основање, квартетот „Атака“ развива јасна програмска ориентација кон современото македонско творештво. Нивниот музички израз е оценет како технички прецизен, стилски автентичен и внимателно избалансиран. Критиката посочува дека ансамблот создава јасен звучен идентитет и убедливи интерпретации, со што овој млад состав веќе зазема значајно место во актуелниот концертен живот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид во среда домаќин на студентската конференција СЕРВЕКО 2026
Next Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Слични вести

Тина Гоџо за InPress и Супер радио: Условите за стрелаштво во Охрид се задоволителни, но секогаш може да бидат и подобри Тина Гоџо за InPress и Супер радио: Условите за стрелаштво во Охрид се задоволителни, но секогаш може да бидат и подобри
1 min read

Тина Гоџо за InPress и Супер радио: Условите за стрелаштво во Охрид се задоволителни, но секогаш може да бидат и подобри

Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош
1 min read

Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош

Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“ Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.