Охрид, 31. јануари 2023 (ИНПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос утре ќе ја одигра третата, од планираните четири пријателски натпревари, во рамки на подготовките за пролетната полусезона.
По Струга Т&Л и прилепска Победа, „рибарите“ утре на стадионот „Билјанини извори“ ја пречекуваат екипата на Брегалница.
За потсетување, фудбалерите на Охрид Лихнидос есенскиот дел го завршија на шестата позиција, со 26 бодови. Натпреварите во новата полусезона започнуваат кон средината на февруари. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива