Даан го промовираше синглот „Зора“, во дует со Кире Јакимов
October 7, 2024

Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Музичарот Дарко Андонов- Даан неодамна го промовираше својот најнов сингл „Зора“, дует со Кире Јакимов, кој носи меланхоличен R&B и HipHop звук со модерен ритам.

– Песната е инспирирана од најновите музички трендови во комбинација од традиционални инструменти како пијано и електронски и модерни звуци, вели Даан, кој додава дека инспирацијата за текстот дошла од осаменоста со која се соочуваат многу луѓе.

Тој најавува соло проекти, како и нови соработки со артисти од Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива