January 13, 2015

Берлин, 13. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Турција веќе протера околу 2.000 џихадисти и има над 7.000 лица воцрниот список на познати терористи“, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу на прес-конференцијата во Берлин со канцеларката Ангела Меркел.

Премиерот на Турција ја даде изјавата како одговор на инсистирањето на Западот турската страна да „направи повеќе“ во борбата против тероризмот, а особено да го запре протокот на џихадисти од Турција кон Сирија.

Тој напомена декаТурција нема да ја затвори границата со Сирија“.

Ако ја оставиме нашата граница отворена, тоа не се прави, за да преминуваат терористите. Ние ја држиме границата отворена заради децата, чиј мајки и татковци загинаа, и за невините жени кои бараат азил во нашата земја, појасни премиерот. „Ние можеме и да ја затвориме границата, но тогаш одговорноста за секое загинато дете од бомбите на сирискиот режим ќе падне врз оние кои бараат од нас да ги затвориме границите“, додаде уште Давутоглу. (Крај)

извор: АФП фото: АП