Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дали кирилицата ќе се врати во училиштата во Хрватска?

Дали кирилицата ќе се врати во училиштата во Хрватска?

1 min read

Загреб, 20. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Идејата која ректорот на Универзитетот во Загреб, Дамир Борас, ја споделил со „Јутарњи лист“, за многумина е изненадувачка.

Тој предложил враќање на кирилицата во основното училиште, која е отстранета од образованието на почетокот на 1990-те години. За кирилицата се дебатира веќе подолго време во Хрватска, особено по поставувањето на кириличните плочи во Вуковар.

– Мислам дека учењето на кирилицата треба да се врати во училиштата, како што би требало и глаголицата да се понуди како изборен предмет. Тоа се старохрватски азбуки и би било убаво повторно да се видат во наставата, изјавил загребскиот ректор.

Давор Дукиќ, редовен професор на Одделот за кроатистика наведува две причини за враќање на кирилицата.

– На кирилица имаме низа стари текстови, а познавањето на тоа писмо помага во учењето на рускиот јазик. Другата причина е тоа што во нашите соседни земји се користат и кирилицата и латиницата, а совладувањето на основите на кирилицата во основно училиште би им дало можност за читање стручна литература на нашите ученици, вели Дукиќ.

Жељко Јозиќ од Хрватскиот јазичен институт објаснува дека е јасно дека кирилицата и глаголицата се стари хрватски писма, но дека Хрватите отсекогаш ја користеле и латиницата. (Крај)

извор: fakulteti mk фото: архива

Post navigation

Previous Предвремени парламентарни избори во Србија
Next Протести на фармерите во Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.