Охрид, 11. септември 2023 (ИНПРЕС) – Дарко Андонов или познат како ДААН ја промовира својата нова песна „Мојот свет“.
Станува збор за новото дело на младиот текстописец, аранжер и продуцент кој е зад микрофонот повеќе од 20 години со повеќе песни кои се изведувани на фестивали, настани или преку ТВ и радио станиците.
Тој е комплетен автор на новата песна во соработка со Кире Јакимов, кој помогна за мастерингот на песната.
– Живееме во едно специфично време каде што вистинските вредности се сѐ повеќе потиснати од алчноста, себичноста и специфичниот начин на новото модерно живеење, во што голема улога имаат политиката, социјалниот немир меѓутоа и социјалните мрежи, без кои нормално веќе не можеме да функционираме, вели ДААН за новата песна.
извор: ИнПрес фото: архива