Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дачиќ: Албанците од југот на Србија да го почитуваат уставниот поредок

Дачиќ: Албанците од југот на Србија да го почитуваат уставниот поредок

Атина, 11. септември 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ ги предупредил Албанците од југот на Србија да не прават споредби со Заедницата на српски општини (ЗСО) на Косово со формирањето на Асоцијацијата на општини со албанско мнозинство, пренесуваат српските медиуми.

Коментирајќи ги најавите на лидерите на Албанците од југот на Србија за формирање на таква асоцијација, Дачиќ изјавил дека Албанците во Србија не смеат да бидат дискриминирани, но дека мора да го почитуваат нејзиниот Устав.

– Ги предупредуваме во сабота во Прешево да не прават некаква споредба со ЗСО на Косово, ги предупредуваме да не си играат со оган и да го почитуваат уставниот поредок на Србија. Тоа што Србија е за дијалог не значи дека е слаба, туку напротив, таа е силна, најсилна во последниве 20,30 години, рекол српскиот министер.

Тврдењата, пак, дека Србија го признала Косово со тоа што во Брисел води преговори за нормализација на односите, Дачиќ ги оценил како „лага“. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Зголемена предноста на Сириза над другите партии
Next Црногорски владика и удрил шлаканица на постара жена

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.