Белград, 12. септември 2015 (ИНПРЕС) – Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ соопшти дека Албанија официјално поднела молба до УНЕСКО на следниот состанок на организацијата во октомври да се вклучи дискусија за прием на Косово како нејзина членка, пренесе Интерфакс.
– Од правна гледна точка Косово нема право да биде прифатена како членка на УНЕСКО, бидејќи предлогот за тоа не е даден од ОН, потсети Дачиќ.
– Општо земено, освен Албанија уште 44 од 195-те членки на ОН ја поддржуваат намерата на Косово да стане членка на УНЕСКО, додаде тој.
Дачиќ предвидува “тешка борба” по прашањето за прием на Косово во УНЕСКО.
– Ние сме подготвени за оваа борба, рече тој.
Претходно вицепремиерот на Косово и министер за надворешни работи Хашим Тачи изјави дека “рекорден број земји го поддржуваат вклучувањето на Косово во УНЕСКО”. (Крај)
извор: Blic фото: архива







